ЗА НАС

Фирмата Гео Центар ДООЕЛ Скопје е формирана во 2013 год од страна на г-дин Ристо Мрмов дипл.геод.инж. Темелите на ГеоЦентар се поткрепени со 10 год. работно искуство на сопственикот на фирмата во областа на инженерската геодезија. Во периодот кои следеше ГеоЦентар оствари работна соработка со фирмата Ливона ДОО Белград кои потпишаа меѓусебен договор за заеднички настап на пазарот на Република Македонија преставувајќи ја реномираната светска марка на геодетска опрема Trimble. Со посебно задоволство и особена чест ние да работиме и ја презентираме геодетската опрема Trimble на нашите клиенти и соработници. Освен продажбата на опремата ние се обврзавме за техничка подршка, едукација и обука на сите членови кои ке влезат во семејството на Trimble. Визијата на менаџерскиот тим на Гео Центар е да дејствува на пазарот со малку поинаква понуда од останатите геодетски фирми. За таа цел Гео Центар Скопје оствари работна соработка со компанијата Гео Центар ДОО Бања Лука кои потпишаа меѓусебен договор за заеднички настап на пазарот на Република Македонија. Идејата на сопствениците на овие две фирми е укрупнување и здружување на капацитетот, стручното искуство и техниката со која располагаме, да понудиме на пазарот специфични услуги во областа на инженерската геодезија. Во понудата и услугите кои ги нудиме меѓу другите може да се сретнат и услуги во нафтената индустрија како што се:

  • Баждарење на резервоари
  • Анализа на деформации
  • Проверка на димензии
  • 3Д Скенирање на Рефинерии
  • Снимање на водови
Групацијата Гео Центар е единствена на Балканот која во многу скоро време ќе биде Акредитирана лабараторија за баждарење на хоризонтални и вертикални резервоари по барањата на стандардите ISO 12917-2 и ISO 7507-4. Со заедничкото искуство и техниката која ја поседува оваа групација со задоволство може да ги прифати и успешно реализира и најкомплексните проектни задачи во светот на геодезијата.
Техника: