Аерофото снимање

За да се забрза изработката на геодетска подлога за вашата апликација,која треа предолго и ги пробива роковите за изработка на проектот, ние сме меѓу првите компании кои вршат аерофотограметриско снимање со професионална дигитална фотограметриска камера. Аерофото снимањето нјголема примена има во областите на државен премер, во урбанизмот, проектирањето, водостопанството, енергијата, шумарството и др. Со помош на фотограметриската обработка на аерофото снимањето се изработуваат многубројни производи.

ПЛАН НА ЛЕТОТ


За аерофото снимањето да биде изведено во скалд со потребите на Вашиот проект изработуваме план на летот во кој се дефинираат параметрите како што се: просторна резолуција на снимката, број на редови на снимањето, број на снимки, преклоп меѓу снимките, висина и потребна брзина на авионот над теренот. При планирањето на летот најчести подлоги кои се користат се постоечките карти во помал размер како на пример : топографска карта 1:25000. Користејќи најсовремена опрема, пресметаните параметри од планот на летот се вметнуваат / импортираат во софтверскиот дел од опремата и потоа аерофото снимањето се одвива порполно автоматизирано. Планирањето на летот опфаќа и планирање на теренските работи во врска со аерофото снимањето. Работата на теренот се однесува и на фотосигнализација на теренот и поставување на геодетска основа за потребита на израмнување на блокот на аеротриангулација како и контролни мерења.



ДОЗВОЛА ЗА ПРЕЛЕТ


За да би започнало изведбата на аерофото снимањето неопходно е да се добие согласност и дозволи за прелет од надлежните институции за контрола на летање. Со десетгодишното искуство на работа со аеро снимањата ние сме уигран тим за прибирање на неопходната докумантација и спроведување на постапката кај надлежните институции за добивање на дозвола за прелет.Во зависност од државата во која се работи снимањето, министерството за одбрана и агенцијата за цивилна воздушна пловидба се вообичаено належни институции кои издаваат дозвола и согласност за летање во рамките на воздушниот простор на таа држава.


СИГНАЛИЗИРАЊЕ НА ТЕРЕНОТ


Самата реализација на аерофото снимањето не зависи многу од фотосигнализацијата, но изработката на производот од аерофото снимањето во голем дел зависи. За при фотограметриската обработка да се постигне поголемо ниво на точност за вашата апликација, вршиме фотосигнализација на постоечките точки, на новите и ориентациони точки, како и прекршните точки од објектите кои се претставени во плановите. Повеќенаменста корист од фотосигнализацијата и фотограмертиската обработка се гледа во високата прецизност на мерењата на:
  • Точки од геодетската основа за потребите за израмнување на блокот за аеротриангулаија Прекршните точки на објектите за потребите на картирање со методот на стереореституција Контролни точки при проверка на точноста постигната со аеротиангулацијата


АЕРОФОТО СНИМАЊЕ


Кога ке бидат исполнети сите горенаведени предуслови, пристапуваме кон извршување на задачата аерофотоснимање. Како би добиле што поквалитетни снимки од воздух, снимањето се врши според прифатливи метролошки услови, што подразбира сончево и ведро време, без облаци, магла и снег на теренот. По извршеното снимање изготвуваме план од изведеното снимање и се врши контрола на квалитетот на снимките.