Геодетски мрежи

Настојувајќи да се обезбеди што поголема точност на геодетските подлоги, региони, бираме комбинација од најдобрите техники на воспоставување на локалниот
референтен систем на геодетската основа, потпирајќи се и користејќи ги постоечките податоци на геодетската основа:
-
Тригонометриска мрежа 1-4 ред
Мрежа на перманентни станици
Нивелмански мрежи
Полигонски мрежи
РЕКОГНОСЦИРАЊЕ И СТАБИЛИЗАЦИЈА
Кога проектната задача бара, за потребите на геодетското снимање развиваме нови геодетски мрежи , стабилизирајќи ги новите точки на геодетската основа а
притоа потпирајќи се на важечките стручни правилници за ваков тип на работа. Како основа за развивање на новите локални мрежи ги користиме постоечките
тригонометриски точки кои ги пронаоѓаме и мериме на терен.

НАБЉУДУВАЊЕ НА ГЕОДЕТСКА ОСНОВА
Пред било кое теренско снимање, одредени лица од нашата компанија вршат планирање на теренските работи, па според тоа, набљудувањето на геодетските мрежи се планира
да би ги задоволило критериумите спрема кои тежнееме, а тоа се квалитет, брзина, систематичност и професионалност. Во зависност од видот на мрежата на точки која се
развива бираме техника на набљудување и други технички параметри. Во зависност од одбраната техника, со соодветниот инструмент вршиме набљудување на различни величини
како што се должина, хоризонтални и вертикални агли, GPS вектори и други пропратни параметри како што се време, температура, притисок, влажност на воздухот и слично.

ИЗРАМНУВАЊЕ
Со помош на специфични софтверски пакети вршиме рачунање на координати на снимените точки за израмнување. Покрај координатите од познатите точки на геодетската основа во процесот на рачунање на координати на новите точки влегуваат сите податоци од теренското снимање. Со статистичка анализа на посматраните податоци се тестираат грешките, се исфрлаат недоволно добрите снимања, по што се рачунаат координатите на новите точки од мрежата. Најчесто вршиме израмнување на:
-
GPS Мрежи
- Полигонски мрежи
- Нивелмански мрежи