Проверка на димензии

Со примена на техниката 3D ласерско скенирање, GPS позиционирање и електро-оптичко снимање вршиме контрола на димензии на сите објекти на терминалите, во рафинерии и складишта. Навремено контролирање на позициите и димензиите на објектите внатре во терминалот, се избегнува каснење со изработката на проектите и потреба за додатни измени. Поред тоа, снимањето на постоечката состојба на теренот се добиваат квалитетни топогравски планови кои служат за анализа и заштита на животната средина, планирање изградба и изработка на проекти за изведба и реконструкција.