Фотограметриска обработка

Со сопствени софтвери и опрема за 3D procesing вршиме фотограметриска обработка на аеро или сателитски снимки. За да го задоволиме квалитетот на производот кој се бара во вашите апликации, обработката на снимките поминува низ повеќе фази. Нашиот стручен тим во оваа област има повеќе од 10 год. работно искуство со подршка и помош на соодветен најсовремен hardware and software.

АЕРОТРИАНГУЛАЦИЈА


Покрај поставување на геодетска основа, израмнувањето на блокот на аеротриангулација е темел за постигнување точност на геореференцирање и за врзување на многубројни снимки во единствен блок – мозаик. Во можност сме да изработиме блок на аеротриангулација за различни нивоа на барана точност (10 cm до 1 m) и различна резолуција на снимката (од 5 cm), а постои и можност за неограничен број на снимки собрани со различна опрема за аерофото снимање од различни платформи ( авион, хеликоптер, UAV, сателит и сл.)


СТЕРЕОРЕСТИТУЦИЈА


Стереореституцијата претставува клучна фаза во прибирањето т.е. издвојувањето на 3D податоци од стереопарови, што ја прави најобемна и најдолготрајна фаза од фотограметриската обработка. Со оглед на веќе извршените работи и стекнатото работно искуство, рутински ја извршуваме оваа фаза, трудејќи се да ги запазиме роковите дадени од нарачателот не нарушувајќи ја притоа точноста на податоците.



ДИГИТАЛЕН МОДЕЛ НА ТЕРЕНОТ


Вршиме изработка на дигитален модел на теренот од 3D податоци од теренот, прибрани по пат на стереореституција, со автоматско креирање од снимката на стереопраови, со LIDAR снимање, од векторизирани планови со висинска претстава, како и од сниманите податоци на терен GNSS и електро-оптички инструменти. Начинот на испорака го прилагодуваме спрема вашите потреби, а може да биде и растерки (растерски грид со одредена резолуција) или векторски формати, како што се : облак од класифицирани точки, грид од 3D точки и структурни линии, мрежа од неправилни агли (TIN), изолинии и сл.



ДИГИТАЛЕН ОРТОФОТО


Снимките од воздух по извршеното снимање се наоѓаат во централната проекција, а да бидат употребливи за вашата апликација и проект потребно е да се спроведат во ортогонална проекција. Тоа го работиме применувајќи креиран DTM во процесот на орторектификација. Во можност сме да направиме орторектификација на снимките со голем распон на размерот и резолуцијата во зависност од проектираните параметари за потребите на нарачателот. По извршената орторектификација снимките се сечат на листови / планови во ортогонална проекција во државниот координантен систем и картографски се обработуваат, по што го заокружуваме производот-дигитални ортофото план.